Состојки
-
За печурките
-
400 g Portobello печурки
-
300 g Пилешки џигер
-
150g Кромид
-
1 чешне Лук
-
50 g Масло за готвење
-
За преливот
-
3 полни супени лажици Битолска павлака
-
30 g Семе од коноп
-
20 ml Маслиново масло
-
2 гранчиња
-
Босилек
Подготовка
Внимателно извадете ги дршките од печурките
Ставете ги печурките во рерна да се потпечат на 220 степени
Исечкајте една главица кромид на долги полумесечинки
Во жешка тава ставете масло и испржете кромидот 3–4 минути за карамелизација
Исечкајте ги дршките од печурките на долги ленти
Додадете ги во карамелизираниот кромид
Штом омекнат печурките, во тавчето додадете го пилешкиот џигер
Испржената смеса за полнежот ситно исечкајте ја на даска
Наполнете ги испечените печурки со смесата
Во длабок сад ставете три супени лажици Битолска павлака
Додадете маслиново масло и измешајте за да се спојат
Додадете ситно семе од коноп
Додадете ситно исечкан босилек
Зачинете со сол и бибер
Зачинете со сол и бибер
Додадете едно ситно сечкано чешне лук за вкус
Измешајте ги состојките
За преливот:
Совет за сервирање
- На долгнавеста плитка чинија направете база од рукол, босилек и сл.
- Одозгора наредете ги наполнетите печурки.
- На крај прелијте ги со преливот од Битолска павлака.
