Потаж од моркови

Состојки

  • 500 г моркови

  • 1 л вода

  • 1 коцка пилешки бујон

  • 2 лажици масло

  • 2 лажички брашно

  • 1 лажичка мелен црн пипер

  • 1 жолчка

  • 100 г Битолска павлака

  • Сол по вкус.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Дали имаш пробано потаж? – Потажот има густа и кремаста текстура, а најчесто се прави од зеленчуци како компири, моркови, брокула, тиква… За се се постигни кремаст вкус се додава млеко, павлака или путер. Инспирирани од Битолската павлака, споделуваме рецепт за потаж од моркови.

Подготовка

  1. Морковите излупете ги и исечкајте ги на помали парчиња. Ставете ги во тенџере и додајте 1 л вода. Тенџерето ставете го на оган. Варете ги морковите за време од 20 до 30 минути, додека омекнат.

  2. Морковите извадете ги од тенџерето и испасирајте ги. Течноста не ја фрлајте. Истата, подоцна ќе ја искористиме за потажот.

  3. Во тенџерето додајте ја коцката за бујон и измешајте.

  4. Во друго тенџере на оган ставете две лажици масло да се загрее. Во загреаното масло, додајте 2 лажици брашно. Пропржете го брашното, мешајќи со дрвена лажица. Штом брашното добие светло златна боја, додајте ги морковите. Продолжете со пржењето, со постојано мешање за време од 5 до 7 минути.

  5. Течноста со пилешки бујон ставете ја да зоврие. Потоа, постепено додавајте ја во тенџерето со морковите. Мешајте со жица за матење за да се добие хомогена смеса. На крај, додајте го мелениот црн пипер.

  6. Од потажот одвојте 100 мл и ставете ги во чинија за да се подизлади.

  7. Во длабока чинија ставете ја жолчката. Изматете ја со виљушка. Во садот додајте ја Битолската павлака. Измешајте. Смесата постепено додајте ја во чинијата со потажот. Измешајте за да се соединат состојките.

  8. Смесата со Битолската павлака додајте ја во тенџерето на оган. Постојано мешајте и продолжете со варењето на тивок оган уште 5 до 7 минути. Посолете по вкус. На здравје!

Совет плус: Потажот сервирајте го со парчиња печен леб.

 

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.