Состојки
700g тиква
1 страк праз
1 корен целер
3 чешниња лук
Маслиново масло
Сол
Пипер
Копар
4 лажици Битолска павлака
Подготовка
Изренданата тиква, заедно со сецканиот лук се вари 20 минути во 1l вода.
Потоа се миксира со рачен миксер за да се добие кремаста структура.
На маслиново масло кратко се динста сецканиот праз и ренданиот целер, му се додава една чаша вода и се готви на тивко 15 минути.
Сето ова се додава во садот со тиквата, се додава павлаката, се миксира повторно со рачен миксер, се зачинува и се остава уште еднаш да проврие.