Кој може да одолее на чаша топло кафе и домашен колач со арома на портокал и чоколадо? Прифати го кулинарскиот предизвик и приготви го овој колач. Сочен и вкусен, сладок украс на сечија трпеза. Може да го декорираш по желба со шеќер во прав, овошје, гранчиња рузмарин и да ја збогатиш трпезата за слава, именден или викенд.
Подготовка
Во длабок сад за матење се ставаат путерот исечкан на коцки и шеќерот во прав. Се матат со миксер околу 2-3 минути.
Во садот постепено се додаваат јајцата, едно по едно. Смесата се мати со миксер.
Во садот се додаваат павлаката, кората и сокот од портокал. Смесата кратко се мати со миксер – околу 1 минута.
Во друг длабок сад се просејува брашното. Се додаваат прашокот за печиво и ванилиниот шеќер. Смесата се меша со жица за матење.
Во садот со јајцата се додава брашното. Смесата се меша со кујнска шпатула или жица за матење.
Калапот за куглоф се премачкува со путер и се наросува со брашно. Смесата се става во калапот и се рамни.
Колачот се пече во загреана рерна на 180 степени за време од 40 минути. Печениот куглоф оставете го да се излади околу 15-тина минути, а потоа извадете го од калапот.
Чоколадото и маслото ставете ги во сад. Растопете ги на пареа. Со растопеното чоколадо прелијте го куглофот. Декорирајте со сечкани ореви.
Совет плус: Најдобро е да користите силиконски капал. Тоа ќе ви помогне лесно да го извадите куглофот од калапот.