Путер мачиња – колачиња / calico cats butter cookies

Содржина

Состојки

  • Потребни состојки:

  • 125гр брашно

  • 60гр шеќер во прав

  • 55гр Битолски путер (ладен, исечен на коцки)

  • 1/2 матено јајце

  • ПОРТОКАЛОВА БОЈА

  • 125гр брашно

  • 60гр шеќер во прав

  • 55гр Битолски путер (ладен, исечен на коцки)

  • 1/2 матено јајце

  • 1/4 лажичка прехрамбена портокалова боја (соединета во матеното јајце)

  • ЦРНА БОЈА

  • 125гр брашно

  • 20гр какао


Подготовка

  1. Состојките за сите 3 бои се соединуваат во посебни садови. Прво се мешаат сувите состојки со жица, потоа се додава путерот и се гмечи со прсти додека не се добие песочна структура. На крај се додадаваат сите останати состојки. Се добива тесто кое се обработува додека не се добие изедначена боја. Се витка во фолија и се остава во фрижидер 30мин.

  2. Врз хартија за печење се ставаат наизменично парчиња од сите бои, потоа врз тестото се става уште едно парче хартија и се поминува со сукало за да се израмни.

  3. Пред да се извадат формите со калапите за колачи, обликуваната шарена плоча од тесто се става во фрижидер да се стегне и за полесно да може да се работи.

  4. Оформените колачи се печат на 170°C околу 10 мин (времето зависи од рерната, надгледувајте).

  5. Остатоците од тесто повторно се соединуваат, се сукаат и се вадат форми додека има материјал.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.