Путер сусамки

  • 30 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • 100g сусам

  • 170g шеќер

  • 15g Битолски путер


Подготовка

  1. Во сува тава ставете го сусамот и на средна температура пржете го со постојано мешање (за да не изгори) до посакуваната боја. Потоа префрлете го во друг сад, да олади.

  2. Во друга сува тава ставете го шеќерот. Вклучете ја ринглата на средна температура и кога ќе почне да се растопува шеќерот, мешајте до карамелизирање. Штом целосно ќе се стопи шеќерот, додадете го путерот. Мешајте се додека да се стопи путерот, па потоа додадете го и сусамот. Промешајте се до хомогенизирање на состојките.

  3. Потоа оваа смеса ставете ја врз едно парче мрсна хартија за печење. Израмнете со дрвената лажица, па покријте со друго парче мрсна хартија и повторно израмнете ја смесата, но овој пат со сукало.

  4. Тргнете го горниот лист и со остар нож исечете парчиња со големина по желба.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.