Постојат многу рецепти за бомбици, а едни од омилените се колачињата со кокос и бадеми или лешници. А овој рецепт е баш таков! Кремасти од Битолската павлака, слатки од медот, ароматични од кокосот и крцкави од бадемите. Што може да биде подобро?
Подготовка
Во длабок сад ставете ги Битолската павлака и медот. Измешајте ги за да се соединат. Во садот додајте ги бисквитите и 70 г кокос. Измешајте ја смесата за да се соединат состојките.
Смесата поделете ја на 20 еднакви делови. Од секој дел формирајте топка, а потоа во дланките нежно притиснете ја. Во средината ставете бадем и повторно формирајте топка. Постапката повторете ја додека ја потрошите целата смеса.
Бомбиците извалајте ги во преостанатиот кокос. Послужете ги со омиленото кафе или чај. На здравје!
Совети плус:
- Бомбиците може да ги направиш со засладувач по желба – јаворов сируп или агаве.
- Наместо бадеми може да користиш лешници.
- По желба, пред да ги извалате во кокос може да ги чоколадирате со растопено бело чоколадо.