„Рафаело“ топчиња со лешник и павлака

Состојки

  • 40 лешници

  • 150g кокос

  • 100g бело чоколадо

  • 125g путер

  • 125g шеќер во прав

  • 2 полни лажици Битолска павлака

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Подготовка

  1. Стопениот путер на собна температура добро измешајте го со шеќерот во прав додека не добиете мазна смеса.

  2. Додадете 100 г рендано бело чоколадо (изрендано на покрупната страна на рендето) и кокосот.

  3. На крајот се додаваат 2 лажици павлака и добро се меша целата смеса.

  4. Се обликуваат топчиња со 1 лешник во средината и се валкаат во кокос.

  5. Декорирајте по желба со украси за ситни колачи и послужете кафе со вкусните домашни „Рафаело“ бомбици.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.