Раванија со Битолски јогурт

Состојки

  • 3 јајца

  • 1 чаша зејтин

  • 1 чаша Битолски јогурт

  • 1 чаша гриз

  • 1 чаша брашно

  • 1 прашок за пециво

  • рендана кора од 1/2 лимон (опционално)

  • 100g мелени бадеми

  • Шербет:

  • 2,5 чаши шеќер

  • 3 чаши вода

  • лимон (опционално)

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Подготовка

  1. Земете модла за куглоф и премачкајте ја со зејтин и наросете со брашно. Во меѓувреме вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени.

  2. Најпрво подгответе го шербетот. Сите состојки ставете ги да се варат. Штом зовриjат, намалете ја температурата на средна и оставете да врие 15-20 минути. Тргнете на страна.

  3. Јајцата заедно со ванилиниот шеќер изматете ги добро, додека смесата да згусне и осветли. Додадете ги останатите состојки, кратко изматете. Ќе добиете густа смеса. Префрлете ја во модлата за печење и ставете да се пече околу 40 минути.

  4. Откако ќе се испече, оставете раванијата 5 минути да отстои во модлата, па потопете ја со млакиот шербет. Оставете така да се излади во модлата и да го впие шербетот, па префрлете на тањир за послужување.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.