Пилешки ражничи со ѕаѕики сос

Состојки

  • 600 г пилешки стек

  • 2 лажици маслиново масло

  • Сок од ½ лимон

  • ½ мала лажичка лук во прав

  • 1 лажичка оригано

  • Сол и мелен црн пипер

  • За ѕаѕики сос:

  • 250 г Битолска павлака

  • 1 краставица

  • 6 листови нане

  • 1 лажичка копар

  • ½ мала лажичка лук во прав или 1 чешне лук

  • 1 лажица маслиново масло

  • 1 лажица свежо цеден сок од лимон

  • Сол и мелен црн пипер

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Уште едно гурманско патување и вкус кој ќе ве освои! Испробајте го рецептот за
пилешките ражничи со ѕаѕики сос. А за уште подобар вкус послужете ги со гиро пити.

Предобро!

Подготовка

  1. Пилешкото месо исечкајте го на коцки. Ставете го во длабока чинија и додајте
    ги маслиновото масло, сокот од лимон, лукот во прав, ориганото, сол и мелен
    црн пипер. Измешајте и ставете го месото да се маринира најмалку 30 минути, а
    може и преку ноќ во фрижидер.

  2. На секое стапче за ражнич ставете по неколку парчиња од месото. Ражничите
    испечете ги на грил или обична тава, или на скара по желба. Печете ги на
    средно висока температура по 3 до 4 минути од секоја страна.

  3. Пригответе го сосот. Краставицата изрендајте ја на крупната страна од рендето.
    А потоа исцедете ја и ставете ја во длабока чинија. Во чинијата додајте ги битолската павлака, нането, копарот, лукот, маслиновото масло и сокот од
    лимон. Измешајте за да се добие хомогена смеса.

  4. Печените ражнички послужете ги со ѕаѕики сосот и пити за гиро по желба. На
    здравје!

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.