Риба во сос од пармезан и павлака

Состојки

  • 1 кг филети од ослиќ

  • 2 лажици масло

  • 1 Битолска павлака (180 г)

  • ¼ чаша рендан пармезан

  • ½ лажичка мелен црвен пипер

  • 1 мала лажичка сол

  • ¼ мала лажичка мелен црн пипер

  • 2 лажици лебни трошки

  • 2 лажици Битолски путер

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

За сите љубители на риба, овој рецепт е прав погодок! Направете сочни филети од ослиќ, збогатени со кремаста Битолска павлака, пармезан и зачини за незаборавно гастрономско доживување. Крцкавата кора од лебни трошки и путер му даваат посебна нота на овој едноставен, но вкусен специјалитет. Идеален за специјални прилики, романтична вечера и други свечености. Вреди да се проба, нели?

Подготовка

    1. Филетите ослиќ измијте ги исушете ги со кујнска хартија.

    2. Садот за печење премачкајте го со масло или обложете со хартија за печење. Наредете ги филетите.

    3. Во длабок сад ставете ја Битолската павлака, додајте го пармезанот и зачинете со рцен пипер, сол и мелен црн пипер. Измешајте за да се соединат состојките. Смесата рамномерно распоредете ја врз филетите.

    4. Врз секое парче риба наросете лебни трошки.

    5. Битолскиот путер растопете го. Со растопениот путер прелијте ги рибите.

    6. Тавата ставете ја да се пече во загреана рерна на 250 степени за време од 20 до 25 минути. По потреба продолжете со печењето. Топлата риба послужете ја со салата, пире или печени компири по желба. На здравје!

Совети плус:

  • За да бидете сигурни дека рибите нема да ви се распаднат за време на печењето, препорачуваме да користите хартија за печење која претходно ќе ја попрскате со малку масло.
  • Кон крајот на печењето направете проверка со виљушка дали рибата е печена. Ако рибата лесно се дели, тогаш е печена.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.