Салата со печени компир и сос од павлака

Состојки

  • 0.5 кг компири

  • 1 лажица масло

  • ½ мала лажичка сол

  • 1 краставица

  • 1 главица црвен кромид

  • 2 домати

  • 100 г маслинки.

  • За сос:

  • 300 г Битолска павлака

  • ½ лажичка сол, мелен црн пипер, оригано

  • 1 лажица маслиново масло

  • Сок од ¼ лимон.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Ти треба идеја за здрав оброк кој е богат со зеленчуци? – Имаме супер предлог! Печени компири, свежа салата од домати, кромид, краставица, маслинки, збогатени со вкусен сос од Битолска павлака.

Подготовка

    1. Компирите измијте ги и излупете ги. Потоа исечкајте ги на коцки со голема од 1,5 см. Наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Попрскајте ги со масло и посолете ги.

    2. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 220 степени за време од 30 до 40 минути.

    3. Во меѓувреме подгответе го преостанатиот зеленчук. Краставицата излупете ја и исечкајте ја на коцки. Доматите исечкајте ги на коцки. Кромидот излупете го и пресечете го на половинал. Потоа исечкајте го на тенки ленти.

    4. Пригответе го сосот. Во длабока чинија ставете ја Битолската павлака. Додајте ги солта, мелениот црн пипер и ориганото. Кратко измешајте. Потоа додајте ги маслиновото масло и сокот од ¼ лимон. Измешајте.

    5. Во средината на голема чинија ставете го сосот со Битолската павлака. Поросете го со оригано. Странично наредете ги печените компири, домати, кромид, маслинки и краставица. Салатата послужете ја веднаш. На здравје!

Совет плус: Во сосот со павлаката може да додадеш и лук во прав по вкус!

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.