Подготовка
Тиквичките се мијат убаво, се лупат и се сечат на тркалца. Во тавче се загрева поголема количина на масло и се пржат кратко од двете страни.
Пржените тиквиња се ставаат на хартија за да се впие непотребното масло и потоа во подлабок сад се редат еден ред тиквички, сол, сецканото лукче и над секој ред се ставаат по неколку лажици од киселото млеко и јогуртот(измешани претходно).
Најгоре по желба може да се додаде сецкано лукче или лук во прав.