Шарени бомбици од сирење

Состојки

  • 300 г изварка (урда)

  • 120 г Моја Кравица путер

  • 200 г Битолска павлака

  • 1 чешне лук.

  • За декорација:

  • 100 г микс семиња (сусам, лен, сончоглед)

  • 30 г буковска пипер

  • Китка сечкан магдонос.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Декоративни и превкусни! Сите обожаваат бомбици од сирење, а ние имаме супер рецепт. Идеални се за мезе, за именденските трпези или во моментите кога сакате ги изненадите најблиските со нов рецепт. Подготовката ќе ви одземе 15-тина минути, па ајде во кујната!

Подготовка

  1. Путерот оставете го на собна температура најмалку 30 минути.

  2. Лукот ситно исечкајте го. Путерот ставете го во длабок сад. Во садот додајте ги изварката, павлаката и лукот. Измешајте со лажица. Со помош на рацете земајте од смесата и формирајте бомбици со големина на орев. Ако смесата е мека оставете ја во фрижидер.

  3. Во различни садови ставете ги миксот од семињата, буковската пипер и ситно сечканиот магдонос. ⅓ од бомбиците декорирајте ги со миксот од семиња. ⅓ декорирајте со буковска пипер, а преостанатите со сечкан магдонос.

Совет плус: Бомбиците чувајте ги во фрижидер додека ги послужите.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.