Подготовка
Во тава на среден оган ставете маслиново масло да се загрее. Потоа ставете 1 главица кромид, ситно исечкан. Пржете го додека не омекне. Откако кромидот ќе омекне додадете 200гр. ориз. Запржете го околу 5 минути и повремено мешајте.
Додадете 250гр. исечкан свеж спанаќ и пропржете уште 2 минути. Потоа во тавата додадете 3 мали чаши топла вода (околу 60мл.) и зачинете по избор – со вегета, куркума или црвен пипер. Мешајте додека не омекне и при крај додадете сок од 1 исцеден лимон.
Послужете го со Битолско кисело млеко 🙂