Ти се најавило друштвото на гости? – Изненади ги со мезе даска од солени бомбици. Бомбиците извалај ги во омилените состојки и препушти се на забавата. Потребни ти се само 15-тина минути за подготовка. Супер, зар не?
Подготовка
Кашкавалот изрендајте го на ситната страна на рендето. Магдоносот ситно исечкајте го
Во длабок сад ставете го фета сирењето. Издробете го со виљушка. Во садот додајте ги ренданиот кашкавал, сечканиот магдонос и Битолската павлака. Измешајте за да се соедини смесата.
Земајте од смесата со лажица и формирајте бомбици. Бомбиците наредете ги во тава или друг рамен сад.
Тавата ставете ја во фрижидер најмалку 30 минути за да се стврднат бомбиците.
Оревите потпечете ги во тава. Оставете ги да се изладат, а потоа исечкајте ги. Ставете ги во чинија.
Во друга чинија ставете ја буковската пипер.
Половина од бомбиците извалајте ги во оревите, а другата половина во садот со буковска пипер. Бомбиците сервирајте ги со крекери или брускети од леб.
Идеја плус: Бомбиците може да ги извалате во сечкан магдонос, афион, семки од сончоглед, тиква, бадеми, дробен чипс, пржени парчиња сланина… А за оние кои ги обожаваат слатко-солените комбинации им предлагаме бомбиците да ги извалаат во ситно сечкана брусница.