Сусам салата

Состојки

  • 100 г сусам

  • 150 г кашкавал

  • 150 г шункова салама

  • 250 г Grekos сирење

  • 400 г Битолска павлака

  • ½ мала лажичка оригано

  • Сол по вкус.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Ако го обожаваш вкусот на печениот сусам, тогаш веднаш започни со подготовки и дегустирај ја оваа салата. Набави си сусам, Greekos сирење, кашкавал, салама и Битолска павлака, и уживај во една од најомилените салати. Идеална за славските трпези, мезе или кога ќе ти се најават гости, а немаш многу време за подготовка.

Подготовка

  1. Во тава на оган на средна температура ставете го сусамот. Мешајте со дрвена лажица неколку минути додека порумени. Тавата тргнете ја од огнот и оставете го сусамот да се излади.

  2. Кашкавалот и шунковата салама исечакајте ги на мали коцки. Ставете ги во длабока сад.

  3. Сирењето изрендајте го или издробете го со виљушка. Додајте го во садот со кашкавалот.

  4. Во садот додајте ги печениот сусам, Битолската павлака и ориганото. Измешајте ги состојките за да се соединат. Посолете по желба.

  5. Салатата сервирајте ја во мали чинии и декорирајте ја со сусам и гранче рузмарин. На здравје!

Совет плус: Салатата може да ја направите и ден претходно. Чувајте ја во фрижидер до служењето.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.