Свежа салата со прелив од мајонез и павлака

Состојки

  • 2 домати

  • 1 краставица

  • ½ главица црвен кромид

  • 1 пиперка

  • 4-5 листови зелена салата

  • ½ лута пиперка по желба

  • млад кромид и гранче свеж магдонос за декорација.

  • За прелив со мајонез:

  • ¼ чаша мајонез

  • ½ чаша кисела павлака

  • 2 лажици магдонос

  • сол по вкус

  • мелен црн пипер по вкус.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Полна вкусна чинија на трпезата! Омилените зеленчуци искомбинирани со кремаст сос од Битолска павлака. Пробајте го нашиот нов рецепт за свежа салата со прелив од мајонез и павлака.

Подготовка

  1. Доматите измијте ги и исечете ги на осминки.

  2. Краставицата добро измијте ја и излупете ја по желба. Потоа исечете ја на тенки кругови.

  3. Кромидот исечкајте го на мали коцки.

  4. Пиперката и зелената салата исечкајте ги на ленти.

  5. Во длабок сад ставете ги сечканите домати, краставицата, кромидот, пиперката и зелената салата. Измешајте ги со лажица. По желба во садот додајте ситно сечкана лута пиперка.

  6. Во мал длабок сад ставете го мајонезот и павлаката. Измешајте ги состојките со лажица.

  7. Магдоносот ситно исечкајте го и додајте го во садот со мајонезот. Посолете по вкус и зачинете со мелен црн пипер. Измешајте го сосот додека се добие хомогена смеса.

  8. Вака приготвениот сос додајте го во садот со зеленчуците и измешајте.

  9. Готовата свежа салата со прелив од Битолска павлака ставете ја во чинии. Декорирајте ја со сечкан млад кромид и гранче свеж магдонос, а потоа послужете ја. На здравје!

Совет плус: По желба, во сосот може да додадете сув копар, нане или босилек.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.