Тарт од компири и спанаќ

Состојки

  • ½ кг варени компири

  • 300 г спанаќ

  • Сол и мелен црн пипер

  • Маслиново масло

  • 1 мала лажичка мешан зачин

  • 200 г Битолска павлака

  • 100 г рендан кашкавал

  • 3 јајца

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Време е за ново гурманско дегустирање! Искористи ја сезоната на спанаќот и направи ги највкусните специјалитети. Ти предлагаме да го испробаш рецептот за тартот со компири и кремаст фил до спанаќ. Подготовката е едноставна, па направи промена на менито со нов рецепт.

Подготовка

    1. Компирите излупете ги и ставете ги во длабок сад. Со помош на алатка за пире испасирајте ги. Зачинете ги со сол и мелен црн пипер

    2. Во намрсена тава (големина 26) ставете ги пасираните компири и распоредете ги.

    3. Спанаќот ставете го во поголема тава или тенџере на оган, на средна температура. Покријте ја тавата со капак, а повремено мешајте го спанаќот. Штом спанаќот испушти течност, капакот отстранете го и продолжете да го динстувате додека омекни околу 4-5 минути. Зачинете го со мешан зачин и додајте ја павлаката. Измешајте смесата да се соедини

    4. Смесата со спанаќ, додајте ја во тавата и распоредете ја. Врз спанаќот додајте го ренданиот кашкавал.

    5. Со помош на ракиена чаша или лажица направете 3 вдлабнатини. Во секоја од нив ставете по едно јајце.

    6. Тавата ставете ја да се печи во загреана рерна на 180 степени за време од 30 минути. Топлиот тарт од компири оставете го кратко да се излади, а потоа сервирајте го. На здравје!

Совети плус:

  • Наместо спанаќ, можеш да користиш блитва.
  • За најдобар вкус, тартот сервирај го со Битолска павлака.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.