Овој рецепт за печени тиквички со Битолска павлака и нане е вистински деликатес кој ќе го освежи вашето мени! Со едноставни состојки и брза подготовка, овој оброк е идеален за лесна вечера или како гарнир со омилено јадење.
Подготовка
Тиквичката исечете ја на кругови со дебелина од 7 мм.
Во мало сад на оган ставете 2 лажици путер и растопете го. Со растопениот путер премачкајте ги круговите тиквичка.
Тиквичките ставете ги да се печат на скара или грил тава. Печете ги 3 до 4 минути од едната страна, а потоа превртете ги од другата страна. Печете ги уште 2 до 3 минути. Печените тиквички извадете ги во чинија и посолете ги.
Во тава на оган ставете го преостанатиот путер да се растопи. Штом потемни, тавата тргнете ја од огнот и во неа додајте ја Битолската павлака и неколку сечкани листови нане. Измешајте го сосот. По желба, со сосот може да ги прелиете тиквичките или послужете го во посебен сад. На здравје!
Совет плус: За да го збогатите вкусот, во сосот додајте 1 сечкано чешне лук или ¼ мала лажичка лук во прав.