Превкусно! Сочно пилешко месо, зеленчуци во сос и меки тортиљи. Секој би посакал да касне парче од ваков вкусен оброк. Следи ги чекорите од подготовката и изненади ги најблиските со нов специјалитет кој гарантирано ќе го освои сечиј вкус!
Подготовка
Пилешкото месо измијте го и исушете го со кујнска хартија. Ставете го во зип ќеса или пластичен сад и маринирајте го со масло, мешан зачин и мелен црн пипер. Оставете го да отстои 30 минути или преку ноќ.
Потоа испечете го на на скара или во грил тава. По желба, исечете го на мали коцки.
Лукот и кромидот ситно исечкајте ги. Пиперките исечете ги на ленти. Доматите пресечете ги на четвртини.
Во тава на оган, на висока температура ставете 2 лажици масло. Штом маслото се загрее додајте го сечканиот кромид. Пропржете го додека порумени. Во тавата додајте го пиперките. Пропржете ги 2-3 минути. Потоа додајте ги лукот и доматите. Продолжете со пржењето уште 1 до 2 минути. На крај, додајте ги доматниот сос, чили сосот и парчињата пилешко месо. Намалете ја температурата и оставете сосот да крчка 4 – 5 минути.
Во секоја тортиља ставете од филот со месото. Завиткајте ја во форма на бурито. Секоја од тортиљите потпечете ја на тостер или тава.
Направете сос од Битолската кисела павлака. Во длабок сад ставете ја павлаката и додајте ги лукот во прав, копарот и солта. Измешајте го сосот и послужете го со тортиљите. На здравје!
Совети плус:
- Тортиљите може да ги потпечете и во рерна. Прицврстете ги со чепкалки и наредете ги во тава. Печете ги во загреана рерна на 220 степени за време од 3-5 минути.
- Ако немаш многу време за подготовка, испечи го пилешкото месо и направи сос од Битолска павлака: Тортиљите премачкај ги со сосот, додај ги пилешко месо и стави салата по избор.