Чајни путер колачиња

Состојки

  • 1 чаша Моја кравица путер на собна температура

  • 1 чаша шеќер

  • 1 јајце

  • 1 лажичка сода бикарбона

  • ½ чаша Битолска павлака

  • 3½ чаши брашно

  • прстофат сол.

  • За декорација – Royal icing:

  • 1 белка

  • 140 – 180 г шеќер во прав

  • 4 – 5 капки сок од лимон.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Нека замириса домот на вкусни путер колачиња! Може да се прават во било кое време, но периодот пред празниците е идеален за овие слатки задоволства. Декорирајте ги со шеќер во прав, растопено чоколадо, а на оние покреативните им предлагаме декорација со техниката Royal Icing.

Подготовка

  1. Во сад за матење ставете го путерот и шеќерот. Изматете ги со миксер. Во садот додајте ги јајцето, павлаката и содата бикарбона. Измешајте со жица за матење.

  2. Со постојано мешање постепено додавајте го брашното. Мешајте додека добиете густа смеса.

  3. Смесата ставете ја врз добро набрашнета работна површина и месете ја додека добиете мазно и нелепливо тесто.

  4. Со помош на оклагија, од тестото исучете правоаголна кора. Со чаша или калапи по желба исечете колачиња.

  5. Колачињата наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Помеѓу секое колаче оставајте простор од 2 до 3 см бидејќи истите ќе пораснат во печењето.

  6. Вака подготвените колачиња ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени за време од 8 до 10 минути додека рабовите на колачињата станат малку кафеави.

  7. Во меѓувреме подгответе ја глазурата за колачињата од белка и шеќер во прав. Со миксер добро изматете ја белката заедно со шеќерот во прав и малку лимонов сок. Доколку смесата е премногу густа додајте уште малку сок од лимон, а доколку е течна додајте шеќер во прав. Во вака подготвената глазура може да додадете и прехранбени бои.

  8. Со вака подготвената смеса украсете ги колачињата по желба. На здравје!

Совет плус: За да може полесно да ги формирате колачињата, тестото пред да го исучите ставете го во фрижидер да отстои 30 минути. Тоа ќе помогне путерот да се зацврсти, а со тоа и полесно ќе може да формирате колачиња и да ги редите во тавата за печење.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.