Мафини со боровинки

Состојки

  • 220 г брашно

  • 1 мала лажичка сода бикарбона

  • 1 мала лажичка прашок за печиво

  • 115 г Моја кравица путер на собна температура

  • 100 г шеќер

  • 50 г кафеав шеќер

  • 2 јајца

  • 2 лажици екстракт од ванила

  • 120 г Битолска павлака

  • 60 мл Битолско млеко

  • 250 г свежи или замрзнати боровинки.

  • За поросување:

  • 100 г кафеав шеќер

  • ½ чаша сечкани ореви или лешници

  • 1 лажичка цимет.

  • За декорација:

  • 230 г Моја кравица путер на собна температура

  • 420 г шеќер во прав

  • 45 г какао во прав

  • 3 лажици Битолско млеко

  • 2 лажички екстракт од ванила.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Меки, сочни и воздушести, ќе ве освојат на прв залак! Декоративни се, ќе внесат празнична магија во домот и ќе ги направат празниците уште порадосни и побогати. Најважно од сѐ е што се приготвуваат лесно и едноставно, па се одличен избор за брз и вкусен појадок.

Подготовка

  1. Во сад за матење ставете ги брашното, содата бикарбона и прашокот за печиво. Измешајте ги со жица за матење.

  2. Во друг сад за матење ставете ги путерот, шеќерот и кафеавиот шеќер. Изматете ги со миксер околу 2 минути додека добиете мазна и кремаста смеса. Намалете го миксерот на средна брзина и додајте ги јајцата едно по едно. Потоа, додајте ги ванила и Битолската павлака. Матете со миксерот додека се соединат сите состојки.

  3. Потоа, намалете ја брзината на миксерот и додајте го млекото. Кратко изматете и постепно додавајте од смесата со брашното. Боровинките измешајте ги со малку брашно и додајте ги во смесата за мафини. Нежно промешајте со шпатула.

  4. Калапите за мафини премачкајте ги со растопен путер или обложете ги со хартиени корпици. Смесата распоредете ја во калапите.

  5. Во мал длабок сад ставете ги кафеавиот шеќер, сечканите ореви и циметот. Измешајте ги со лажица и со оваа смеса поросете ги мафините.

  6. Вака подготвените мафини печете ги во загреана рерна на 220 степени околу 5 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете ги уште околу 18 до 20 минути.

  7. Печените мафини оставете ги да се изладат во калапот околу 5 минути, па извадете ги врз кујнска решетка за целосно да се изладат.

  8. Подгответе го филот. Во сад за матење ставете го путерот и изматете го околу 2 минути додека добие кремаста текстура. Потоа додајте ги шеќерот во прав, какаото, млекото и екстрактот од ванила и продолжете со матење уште дополнителни 30 секунди на мала брзина. Брзината зголемете ја на најсилно и матете уште 1 минута. Доколку кремот е премногу течен додајте уште малку шеќер, или млеко доколку е прегуст.

  9. Наполнете го готварскиот шприц со подготвениот крем и декорирајте ги мафините по желба. Во зависност од сезоната декорирајте ги со новогодишни или велигденски мотиви. На здравје!

Совет плус: Од оваа количина на состојки излегуваат околу 14 мафини. По ваша желба може да ја зголемите или да ја намалите количината во зависност од вашиот калап за печење мафини.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.