Велигденски путер колачиња

Состојки

  • 200g Моја Kравица путер (на собна температура)

  • 1 чаша шеќер во прав

  • 2 ќесички ванилин шеќер

  • 1 големо јајце

  • 1 лажичка сода бикарбона

  • ½ чаша (90g) Битолска павлака

  • 4 чаши брашно

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Овие мирисни и крцкави путер колачиња се совршени за велигденските празници. Лесни се за подготовка, а декорацијата со royal icing им дава посебен празничен изглед – идеални за споделување со семејството или како подарок.

Состојки

  • 200g Моја Kравица путер (на собна температура)

  • 1 чаша шеќер во прав

  • 2 ќесички ванилин шеќер

  • 1 големо јајце

  • 1 лажичка сода бикарбона

  • ½ чаша (90g) Битолска павлака

  • 4 чаши брашно


Подготовка

  1. Во сад за матење ставете ги путерот и шеќерот во прав, па изматете ги со миксер додека смесата стане кремаста.

  2. Додајте ги јајцето, павлаката и содата бикарбона, па измешајте со жица за матење.

  3. Со постојано мешање, постепено додавајте го брашното и замесете меко, нелепливо тесто. Покријте го садот со најлонска фолија.

  4. Ставете го тестото во фрижидер да отстои околу 30 минути.

  5. Потоа, ставете го тестото меѓу два листа хартија за печење и со оклагија развлечете кора со дебелина од 5–7 мм.

  6. Со калапи по желба, исечете колачиња.

  7. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, оставајќи околу 1 cm простор помеѓу нив.

  8. Печете во претходно загреана рерна на 180°C, 10–13 минути, додека рабовите благо поруменат.

  9. Извадете ги од рерна и оставете ги целосно да се изладат.

  10. Декорирајте ги по желба со royal icing и празнични мотиви.

Совети:

  • Путерот треба да биде мек, но не стопен – така ќе добиете подобра текстура.
  • За порамномерно печење, сите колачиња нека бидат со иста дебелина.
  • Чувајте ги колачињата во затворена кутија – ќе останат свежи неколку дена.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.