Подготовка
Загрејте ја печката на 180 степени
Измиксајте ги двете цели јајца со шеќерот додека не добиете пенеста структура.
Додадете ванилин шеќер и половна чаша масло и продолжете со миксање.
Намалете ја брзината на миксерот па наизменично додавајте брашно, прашок за печиво и густ јогурт.
Потоа, во смесата ставете го изренданото чоколадо и измешајте.
На крај прелијте во калап, распоредете ги вишните и печете околу 30 минути на 180 степени.