Запечен карфиол со јајца, павлака и кашкавал

Состојки

  • 1.2 кг карфиол

  • 2 л вода

  • 2 лажици масло

  • 4 јајца

  • 2 лажици Битолска павлака

  • 1 лажица мајонез

  • 100 мл Битолско млеко

  • 150 г кашкавал

  • сол по вкус

  • ¼ мала лажичка мелен црн пипер

  • 1 лажица мешан сув зачин

  • магдонос по желба.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Размислуваш како почесто да вклучиш карфиол во исхраната и да им се допадне на сите? Имаме супер вкусен рецепт. Набавите едно големо парче карфиол и со овој здрав зеленчук направете превкусен ручек за целото семејство.

Подготовка

  1. Карфиолот добро измијте го и поделете го на цветови.

  2. Во сад на оган ставете 2 л вода и ставете го карфиолот да се вари околу 5 минути. Варениот карфиол префрлете го во сад со ладна вода за да се спречи процесот на варење. Потоа процедете го карфиолот од водата.

  3. Садот за печење премачкајте го со малку масло, па распоредете ги цветовите карфиол на дното од садот. Посипете со сол, мешаниот сув зачин и мелен црн пипер.

  4. Вака подготвениот карфиол печете го во претходно загреана рерна на 200 степени околу 10 минути.

  5. Во меѓувреме, во длабок сад ставете ги јајцата, Битолската павлака, мајонезот и млекото. Измешајте ги со жица за матење. Смесата зачинете ја со сол и мешан сув зачин.

  6. Со смесата од јајца прелијте го печениот карфиол, па вратете го да се пече уште дополнителни 10 минути. Покачете ја температурата на рерната на 220 степени.

  7. Печениот карфиол поросете го со рендан кашкавал и ситно сечкан магдонос и послужете го додека е топол. На здравје!

Совет плус:
Карфиолот приготвен на овој начин ќе им се допадне на сите, дури и на оние на кои не им е баш најомилен!

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.