Запечени тиквички со домати

Состојки

  • 1 – 2 тиквички во зависност од големината

  • 3 – 4 домати

  • 250 г изварка

  • 3 јајца

  • 200 г Битолска павлака

  • Свежи зачини: магдонос и босилек по желба

  • 1 лажица Моја Кравица путер

  • Оригано по вкус

  • Сол и мелен црн пипер

  • 1 лажица мешан сув зачин

  • Кашкавал по желба.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Доколку немате многу време за готвење, а сакате да му понудите на семејството нешто здраво и сезонско, веднаш запишете го рецептот за запечените тиквички со домати! Вкусот на ова јадење е свеж и лесен, па може да го комбинирате и со месо. А може да го послужите и како вегетаријански ручек.

Подготовка

  1. Тиквичките добро измијте ги и исечете ги на кругови. По желба може и да ги излупите, но не е неопходно.

  2. Доматите добро измијте ги и исечете ги на тенки кругови.

  3. Јајцата и Битолската павлака ставете ги во длабок сад. Изматете го со жица за матење.

  4. Свежите зачини добро измијте ги и ситно исечкајте ги.

  5. Плехот за печење подмачкајте го со растопен путер, па наредете го со еден ред тиквички. Редот од тиквички посолете го и поросете го со сечканите зачини, мешаниот сув зачин, ориганото и црниот пипер.

  6. Врз тиквичките распоредете половина од смесата со јајцата.

  7. Врз редот со тиквички и изварка наредете ги половина од парчињата домати. И нив зачинете ги и посолете ги.

  8. Доматите прелијте ги со половина од смесата со јајца и кисела павлака.

  9. Потоа, повторно наредете уште еден ред тиквички. Постапката повторувајте ја додека ги потрошите сите состојки.

  10. Врз последниот слој по желба може да нарендате малку кашкавал.

  11. Вака подготвеното јадење печете го во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути или додека се запече и зарумени.

  12. Послужете го додека е топло. На здравје!

Совет плус: Наместо изварка, може да користите Grekos сирење. Пред да го додадете го садот со јајцата, испасирајте го со виљушка.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.