Состојки
300g свежи шампињони
400g Битолска павлака
300g изварка
200g кашкавал
1 мала лажичка оригано сол и црн пипер по вкус
малку маслиново масло
Подготовка
Шампињоните измијте ги и исечкајте ги на тенки листови со дебелина од 3-5mm. Поделете ги на два дела и ставете ги во две мали, земјени тави. Во тавите поросете оригано, ставете малку маслиново масло и измешајте ги печурките.
Печурките ставете ги да се печат 10 минути во загреана рерна на 250°C.
Во меѓувреме, измешајте ги Битолската павлака и изварката. Во смесата додајте една лажичка оригано, сол и црн пипер по вкус. Мешајте додека добиете хомогена, кремаста смеса.
Врз запечените печурки, во двете тави додајте ја смесата со павлака и зачини. Врз смесата ставете листови или рендан кашкавал.
Тавите вратете ги во рерната и печете уште 10 минути, додека кашкавалот се растопи и порумени. Запечените печурки со павлака и кашкавал послужете ги додека се топли со фурнаринки или мини лепчиња по желба.