Состојки
-
100 g овесни снегулки (сомелени)
-
2 јајца
-
40 g сирење
-
40 g чадено месо
-
сол
-
половина пакетче пециво
-
150 g Битолска павлака
-
сусам за посипување
Подготовка
Јајцата добро се матат, па се промешуваат со мелените овесни снегулки. Им се додаваат сирењето, чаденото месо, солта, пецивото и павлаката. Се добро се меша за да се соедини смесата.
Потоа се распоредува смесата во калапот за мафини обложен со хартиени мафин калапчиња. Се наросуваат со сусам и се печат 10 минути на 200 степени, а потоа уште 8-10 минути на 180 степени.