Сладок појадок или вкусна ужина! Битолската павлака се комбинира и во слатки и солени јадења. Кога немаш идеја што да поткасниш, направи си сладок сендвич. Избери го омилениот леб, додај Битолска павлака и овошје по избор. Едноставно, а вкусно!
Подготовка
Парчињата леб ставете ги во тостер и испечете ги.
Секое парче леб премачкајте го со Битолска павлака. Додајте црвено овошје по избор, во зависност од сезоната. Во пролет додајте јагоди или рибизли, во лето малини или капини, есен и зима – калинки или боровинки.
Врз овошјето ставете листови нане или валеријана. Послужете ги сендвичите веднаш. На здравје!
Совет плус: Црвеното овошје може да го замените со сезонско овошје – јаболко, круша, банана, киви, портокал.