Во денешно време, кога сите сме во брзање и во обид да се јаде вкусна и домашна храна, брзите рецепти се секогаш добредојдени.
Добра пита, не значи дека треба да знаете да сукате или тегнете кори. Потребно е да го имате овој рецепт и да се уверите во нејзиниот вкус.
Подготовка
Обезбедете сé што е потребно и нека домот замириса на топла пита.
Најпрво подгответе го филот од БИТОЛСКА павлака и дробено ГРЕКОС сирење и мешајте додека да се добие хомогена смеса.
Корите како што се спакувани, се вадат и се сечат на ленти. Купот од ленти поделете го на 4 еднакви (приближно) дела. На убаво намастено тавче ставете го првиот дел. Може да се користи и куглоф, или било каков калап… нека биде свечена, во друга форма, креативност на максимум.
Откако ќе се стави во тавче првиот дел, одозгора се става претходно подготвен фил од БИТОЛСКА павлака и дробено ГРЕКОС сирење. Пак се ставаат кори, односно сечени ленти и се премачкува со филот. Оваа постапка во куглоф оди во сооднос 4 реда ленти од кора и 3 реда фил. Во округла тава број 28, 3 реда ленти од кора и 2 реда фил. Завршувате со кори.
Се полева питата со смеса од 4 јајца, 150мл газирана вода и 150мл масло за готвење. Се наросува со сусам или други семки по желба, и се пече во загреана рерна на 200°, околу 25-30 минути.
Откако ќе се испече, оставете ја да се подизлади и послужете ја со БИТОЛСКИ јогурт.
Гответе со љубов! ♥