Брзи фурнаринки за 10 минути: Совршеното мезе

Состојки

  • 1 готово тесто за пица

  • 1 јајце

  • Сусам, црно семе и оригано

  • Прстофат сол

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Светското првенство во фудбал 2026 е во полн ек, а тоа значи само едно – возбудливи натпревари, дружење со пријателите и потреба од брзо и вкусно мезе! Наместо да губите време во кујната додека трае натпреварот, ви го откриваме најбрзиот трик за домашни фурнаринки кои се готови за неверојатни 10 минути.

Тие се апсолутен хит за навивачките вечери – крцкави, топли и идеални за споделување пред екранот!

Состојки

  • 1 готово тесто за пица

  • 1 јајце

  • Сусам, црно семе и оригано

  • Прстофат сол


Подготовка

    1. Земете ја тавата за печење и обложете ја со хартија. Врз неа ставете го готовото тесто за пица.

    2. Во мал сад изматете го јајцето, па со кујнска четка рамномерно премачкајте го целото тесто.

    3. Наросете сусам, црно семе и оригано по желба. Не заборавајте да посолите за да го истакнете вкусот.

    4. Со помош на нож за пица или обичен остар нож, исечете го тестото на ленти со ширина од околу 2 до 3 см, а потоа пресечете ги на половина (како што можете да видите во нашето кратко видео подолу).

    5. Ставете ги во претходно загреана рерна на 220°C и печете ги само 7 до 10 минути, односно додека јајцето не добие убава, румена боја.

Навивачки бонус совет:
За комплетно уживање во фудбалската треска, послужете ги овие топли фурнаринки со пикантна тиро салата или брз дип од кисела павлака и мајонез.

Со каков дип ќе ги комбинирате фурнаринките? Пишете ни во коментар!

youtube placeholder image

 

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.