Сакаш совршен десерт, ама нешто секогаш тргнува наопаку? Се држиш до рецептот, но пак не си задоволен од резултатот. Еве ги 4-те најчести грешки што (веројатно) ги правиш!
Состојки
-
јајца
-
брашно
Подготовка
Прва грешка – користиш јајца директно од фрижидер! Ладните јајца не се матат добро и ја расипуваат текстурата.
Совет: Извади ги јајцата 30 минути пред подготовка.
Втора грешка – садот во кој ги матиш јајцата има вода! Дури и една капка вода го спречува пенењето на белките.
Совет: Избриши го садот со кујнска хартија пред матење.
Трета грешка – го додаваш целото брашно одеднаш! Се прашуваш зошто колачот секогаш има грутки и е тежок?
Совет: Додавај го брашното постепено, лажица по лажица.
Четврта грешка – по додавањето на брашното ја матиш смесата со миксер!
Совет: Кога го додаваш брашното, мешај ја смесата со шпатула за да остане мека и воздушеста.
Грешка бр.1 – Користиш јајца од фрижидер
Грешка бр.2 – Садот во кој го приготвуваш десертот има вода
Грешка бр.3 – Го додаваш брашното наеднаш
Грешка бр.4 – По додавањето на брашно ја матиш смесата со миксер
