Состојки
-
150 гр Битолски путер
-
220 гр шеќер
-
300 гр чоколадо
-
1 јајце
-
1 жолчка
-
300 гр брашно
-
1/2 лажиче сода бикарбона
-
1/4 лажиче сол
Подготовка
На тивок оган го растопуваме Битолскиот путер, а потоа го оставаме настрана за да се излади.
Во растопениот путер го додаваме шеќерот и матиме, а потоа ги додаваме јајцето и жолчката.
Матиме додека не добиеме кремаста смеса. Потоа во смесата ги ставаме брашното и сода бикарбоната, а на крај додаваме ситни коцки чоколадо.
Со раце ги обликуваме колачињата и ги редиме во тава обложена со хартија за печење.
Ги ставаме да се печат во загреана рерна на 170°C 15-17 минути.