Знаеш ли како да направиш совршено печен сусам со златна боја? Споделуваме два начини што ќе ти помогнат во кујната. Ако треба да испечеш поголема количина, препорачуваме да го печеш во рерна. А, ако сакаш побрзо да испечеш сусам, испечи го во тава на оган.
Состојки
-
1. Печење сусам во рерна – потребно:
-
70 г сусам
-
Тава (бр. 28) и хартија за печење
-
2. Печење сусам во тава на оган – потребно:
-
50 г сусам
-
Тава бр.24
Подготовка
Загреј ја рерната на 180°C.
Во тавата стави хартија за печење.
Додај го сусамот и рамномерно распредели го.
Печи го 10–15 минути, со повремено мешање (на секои 3–4 минути), за да се
испече рамномерно.Кога ќе добие светло-златна боја, извади ја тавата и остави го сусамот да се излади.
Совет: Лесно загорува, па внимавај на печењето во последните минути.
Тавата стави ја на средна температура и додај го сусамот.
Постепено печи го 3–5 минути, мешајќи постојано со дрвена лажица за да не загори.
Кога ќе добие златно-кафеава боја и ќе почне пријатно да мириса, веднаш тргни го од оган.
Сусамот стави го во чинија за да се излади (во тавата може да продолжи да се пече од останатата топлина).
1. Печење сусам во рерна – постапка:
2. Печење сусам во тава на оган – постапка:
