Говедски раженчиња со потпечен карфиол

Состојки

  • Говедско месо – 800g

  • Бубрежна лој – 150g

  • Сол и црн бибер – по вкус

  • Стапчиња за раженчиња

  • Карфиол – 1 средна глава

  • Грекос сирење – 150g

  • Битолска павлака – 200g

  • Сол – по вкус

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Подготовка

    1. Говедското месо се истенчува, се зачинува и врз него се редат тенки парчиња бубрежна лој. Месото се витка во ролат, се сече на парчиња од околу 2 cm и се набодува на стапчиња за раженчиња. Раженчињата се печат на средна температура додека станат сочни одвнатре и убаво запечени однадвор.

    2. Карфиолот се обарува кратко во солена вода, потоа се става во огноотпорен сад, се додава Грекос сирењето и Битолска павлака и се потпекува додека не добие златна и кремаста текстура.

    3. Јадењето се сервира со две говедски раженчиња, потпечен карфиол и парче путер Моја Кравица, кој се топи и ја заокружува аромата.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.