Подготовка
Ќофте :
– Се сецка ситно кромидот.
– Се мешаат меленото месо, јајцето, кромидот и магданосот. Се зачинува со сол, бибер, чубрика и се меси меленото месо. Потребно е добро да се измеша. Се додава измиениот ориз и повторно се меша.
– Оформете округли форми во големина која вие ја сакате. Валкајте ги вака приготвени во брашното.Буљон:
– Во подлабоко тенџере ставете вода и додадете го морковот, коренот и стеблото заедно со листовите целер и сол. Оставете нека зоврие.
– Во зовриената вода ставете ги ќофтињата и нека се варат се додека испливаат на површината. Со решетка лажица извадете ги.Сос:
– Во подлабока тава или друго тенџере ставете да се стопи путерот или доколку користите масло – истото да се загрее. Ставете го брашното и мешајте постојано додека се запржи. Потоа додавјате од буљонот се додека не ја добиете саканата густина – односно треба да добиете ретка хомогена каша. Внимавајте да не ви се направат грутчиња, постојано мешајте.
– Во посебен сад изматете ги жолчките со киселото млеко, додајте ја лимоновата киселина. Со црпалка земајте од кашата и додајте во сосот од јајцата и Битолското кисело млеко.
– Тргнете го тенџерето со кашата, во него внимателно налејте го сосот од жолчките и Битолското киселото млеко, вратете на огнот тивко да проврие, па потоа тргнете го од оган.
По желба ставете бибер, рендана кора од лимон..
Добар апетит!