Превкусна салата! Одличен спој на макарони, кремасто сирење, кисели краставички, јајца и павлака што ќе го освои сечиј вкус. Идеална е за велигденската трпеза и празничната атмосфера.
Ако ви останале 2–3 пукнати јајца при варењето, искористете ги и подгответе ја оваа вкусна салата. Благодарение на богатиот дресинг, таа е сочна и полна со вкус, а може да се сервира и декоративно, особено за велигденските празници.
Состојки
-
200g макарони
-
125g Грекос сирење
-
125g салама – пилешки гради
-
5 – 6 кисели краставички
-
2 варени јајца
-
50ml мајонез
-
180g Битолска павлака (20% мм)
-
сол по вкус
-
магдонос за декорација
Подготовка
Макароните сварете ги според упатството на пакувањето.
Сварените макарони исцедете ги, исплакнете ги со ладна вода и повторно исцедете ги. Оставете ги целосно да се изладат.
Сирењето, саламата, киселите краставички и јајцата исечкајте ги на мали коцки.
Макароните ставете ги во длабок сад. Додајте ги сирењето, саламата, киселите краставички и јајцата, па внимателно измешајте.
Додајте ги мајонезот и павлаката, повторно измешајте и посолете по вкус.
Салатата сервирајте ја во чаши или чинии и декорирајте со сечкан магдонос и велигденски мотиви.
Совети плус:
- Најдобро е салатата да ја оставите во фрижидер околу еден час пред сервирање, за вкусовите убаво да се соединат.
- За поинтересна празнична декорација, може да користите бојадисани јајца од потполошка или тенки кругови варено јајце.
