Кремаста и вкусна палента

Состојки

  • 2 чаши вода

  • ¼ мала лажичка сол

  • 4 лажици палента

  • 2 јајца

  • 2 мали лажички Моја Кравица путер

  • 200 г Битолска павлака.

  • За декорација:

  • Сушени домати и босилек.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Ти треба идеја за брз појадок или прилог со ручекот? – Направи кремаста и вкусна палента. Потребни ти се само 10-тина минути до топол и кремаст оброк.

Подготовка

  1. Во мало тенџере на оган, на висока температура ставете ја водата да се вари. Додајте ја солта и покријте го тенџерето со капак.

  2. Јајцата ставете ги во длабока чинија и изматате ги со виљушка.

  3. Штом водата зоврие, додајте ја палентата и намалете ја температурата. Мешајте со жица за матење за време од 2-3 минути, додека палентата се згусти. Додајте ги изматените јајца и продолжете со мешањето уште 1-2 минути.

  4. Тенџерето тргнете го од огнот. Додајте ги путерот и павлаката. Измешајте за да се соединат состојките. Тенџерето поклопете го со капакот и оставете ја палентата околу 5 минути за да се соединат вкусовите.

  5. Топлата палената сервирајте ја во чинии и послужете ја веднаш. Декорирајте со парче сушен домат и листови босилек. На здравје!

Совет плус:
Во палентата може да додадете и дробено Грекос сирење. Така ќе го збогатите вкусот!

Коментари

Споделете го овој текст:

1 коментар нa “Кремаста и вкусна палента”

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.