Лајбици со Битолски јогурт

Состојки

  • 40g свеж квасец

  • 300g Битолски јогурт

  • 200ml топла вода

  • 150ml масло

  • 1 лажичка шеќер

  • 1 лажичка сол

  • 1kg брашно

  • 100g маргарин

  • Сусам по потреба

  • 3 јајца (2 за тестото, 1 за премачкување)

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Подготовка

  1. Измешајте Битолски јогурт, масло, две јајца, квасец, шеќер. Додајте брашно, сол и замесете го тестото. Поделете го на 5 делови за помали лајбици.

  2. Премесете и секоја кора развлечете ја и исечкајте ја на 16 делови, па замотајте мини лајбици. Наредете ги на тепсија, премачкајте ги со јајце, посолете, па потоа посипете со сусам и на секоја лајбица ставете по малку маргарин.

  3. Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее, па печете додека не поруменат. Печете околу 20 минути.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.