Состојки
200g Битолски јогурт
2 јајца
400g брашно
10g пециво
1 прстофат сол по вкус
Подготовка
Во сад ставете ги прво јајцата и јогуртот и добро промешајте ги.
Постепено додадете ги останатите состојки. Тестото треба да биде меко и лепливо. На местото каде ќе исукате кора, попрскајте прво брашно.
Развлечете веднаш кора и вадете крукчиња со чаша.
Веднаш пржете ги во врело масло.
Готовите мекици вадете ги на кујнска хартија.