Состојки
350 г пилешки стек
1 помала главица кромид
5-6 лажици масло
100 г Битолска павлака со 20% мм
200 г рендан кашкавал
енчилада сос
7 тортиљи.
За енчилада сос:
1 коцка за супа од зеленчук
600 мл вода
250 мл доматен сос
1 мала лажичка оригано
1 мала лажичка чили зачин
1 мала лажичка тако зачин
¼ мала лажичка лук во прав
2 лажици брашно
1 лажица густин (нишесте)
Подготовка
Започнете со подготовка на енчилада сосот. Во сад на оган ставете 500 мл вода да се вари. Штом водата зоврие додајте ја коцката за супа. Варете 2 до 3 минути, а потоа додајте го доматиот сос, ориганото, чили, тако зачинот и лукот во прав.
Во мал сад ставете ги брашното и густинот. Измешајте ги и додајте 100 мл ладна вода. Во сосот додајте го разматеното брашно и продолжете со варење околу 3 до 4 минути додека се згусти. Посолете и зачинете со мелен црн пипер по вкус.
Пилешкиот стек исечкајте го на тенки ленти. Кромидот ситно исечкајте го.
Во тава на оган ставете 2-3 лажици масло да се загреат. Во загреаното масло пропржете го стекот околу 3-4 минути, додека малку порумени. Извадете го од тавата.Во тавата додајте го преостанатото масло и ситно сечканиот кромид. Пржете го кромидот околу 5 минути, а потоа додајте го пилешкиот стек. Заедно пропржете ги уште 2-3 минути. Тавата тргнете ја од огнот и додајте 1 чаша од енчилада сосот и 100 г Битолска павлака. Измешајте за да се соединат, а на крај додајте 1 чаша рендан кашкавал.
Во тавата за печење ставете 3-4 лажици од енчилада сосот.
Врз секоја тортиља нанесете 1 лажица сос и 2-3 лажици од филот со пилешкото месо и павлаката. Тортиљата свиткајте ја како ролат и ставете ја во тавата за печење. Врз тортиљите ставете го преостанатиот енчилада сос. Рерната пуштете ја да се загрева на 200 степени и ставете ја енчиладата да се печи за време од 15 минути. Потоа, извадете ја од рерната и нанесете го преостанатиот рендан кашкавал. Продолжете со печењето уште 10 минути додека кашкавалот се растопи.Топлата мексиканска енчилада послужете ја веднаш. Уживајте во фантастичниот вкус.