Подготовка
Загрејте ја рерната на 190 Целзиусови степени.
Преполовете ги пченките, па потоа премачкајте ја секоја половина со Битолски путер што претходно бил оставен на собна температура за да омекне малку.
Секоја половина извалкајте ја во пармезан. Додадете сол и црн пипер по желба.
Ставете ги пченките во тепсијата за печење и ставете ја во рерната.
Печете ги околу 25 минути.
Пченката подготвена на овој начин може да се сервира со печено месо, крцкави компири и сезонска салата.