Печени чоколадни крофни

Состојки

  • 1½ чаша брашно

  • ½ чаша какао во прав

  • 2 лажички сода бикарбона

  • ¼ лажичка сол

  • 1 јајце

  • ¾ чаши шеќер

  • 3 лажици масло

  • ¼ чаша Битолска павлака со 20%мм

  • 1 ќесичка ванилин шеќер

  • ½ чаша Битолско млеко

  • За глазура:

  • 150-200 г чоколадо за готвење

  • 2 лажици масло

  • Сечкани лешници за декорација

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Чоколадо и крофни! Што може да биде повкусно од оваа комбинација? Се приготвуваат со печење и се поздрава замена за класичните крофни. А што е најважно? Рецептот е лесен и брз, а крофните ќе им бидат омилени на целото семејство.

Подготовка

  1. Во сад измешајте ги брашното, какаото, содата бикарбона и солта.

  2. Во длабок сад со миксер изматете ги шеќерот и јајцата. Додајте ги маслото, павлаката и ванилиниот шеќер. Миксирајте додека се соединат состојките.

  3. Постепено во смесата додавајте ги брашното и млекото, и добро промешајте со шпатула за да се соединат сите состојки.

  4. Калапот за крофни премачкајте го со растопен путер. Секој отвор наполнете го до ¾ од висината со подготвената смеса за крофни. Може да користите лажица или готварски шприц.

  5. Крофните печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени од 7-9 минути. Внимавајте да не се препечат.

  6. Печените крофни извадете ги од калапот и оставете ги да се изладат во целост пред да започнете со нанесување на глазурата

  7. Чоколадото искршете го на коцки, ставете го во сад и додајте го маслото. Растопете го на пареа или во микробранова печка.

  8. Во растопеното чоколадо потопувајте ги изладените крофни до половина или пак со лажица нанесувајте од смесата врз нив. Декорирајте со парчиња лешници. На здравје!

Совет плус: За подготовката може да користите и апарат за печење крофни.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.