Во пресрет на велигденските празници, кога трпезата е полна со разни вкусови и семејството е на едно место, овие пица мафини се одличен избор за брз и вкусен залак. Практични се, декоративни и совршени како појадок, мезе или закуска за гости. Од оваа смеса се добиваат околу 12–15 мафини, идеални за споделување.
Состојки
-
2 чаши брашно
-
1½ мала лажичка прашок за печиво
-
½ мала лажичка сода бикарбона
-
½ мала лажичка сол
-
1 мала лажичка оригано
-
2 јајца
-
½ чаша Битолско млеко
-
180g Битолска павлака
-
½ чаша масло
-
¼ чаша кечап
-
100g маринирани шампињони
-
100g сечкана салама
-
60g рендан кашкавал
Подготовка
Во сад ставете ги сувите состојки: брашното, прашокот за печиво, содата бикарбона, солта и ориганото, па измешајте ги.
Во друг сад ставете ги јајцата и кратко изматете ги со жица за матење.
Додадете ги млекото, павлаката, маслото и кечапот, па измешајте до хомогена смеса.
Потоа постепено додавајте од сувата смеса и кратко мешајте додека се соедини.
На крај додадете ги шампињоните, саламата и кашкавалот и нежно измешајте.
Во калап за мафини ставете хартиени корпици и распоредете ја смесата.
Печете во претходно загреана рерна на 180 °C околу 25–30 минути.
Печените мафини оставете ги кратко да се изладат, па извадете ги од калапот.
Послужете ги топли или ладни, како појадок или мезе со доматен сос по избор.
Совет:
За најдобар резултат, користете силиконски калапи за мафини – мафините полесно се вадат, не се лепат и ја задржуваат убавата форма без потреба од дополнително подмачкување.
