Подготовка
Исечете ги стековите на ленти со широчина од 3 сантиметри. Зачинете ги сос сол и бибер.
Bалкајте ги парчињата стекови по следниов редослед: прво во сад со изматени јајца, потоа во брашно, на крај во сад со корнфлекс.
Во загреано тавче ставете околу 1l масло за готвење.
Кога добро ќе се загрее маслото испржете ги стековите (на висок оган), додека корнфлексот не добие убава румена боја. Испржените стекови ставете ги на хартија, за хартијата да ја впие маснотијата.
Во загреана касерола, ставете 100g путер Моја Кравица да се растопи. Во растопениот путер додадете црвена пиперка сечкана на Бруноаз (ситни коцки со дебелина од 5mm).
Дададете ситно сечкана мајчина душичка. Смесата се динста неколку минути додека да омекне пиперката.Потоа во смесата додадете ја павлаката за готвење Моја Кравица и ситно издробеното Грекос сирење. Измешајте ја смесата и оставете ја на тивок оган сѐ додека сирењето не се растопи.
Тргнете ја касеролата од оган и оставете ја 10-на минути да се подолади. Потоа додадете 3 супени лажици Битолска кисела павлака и добро измешајте за да се спојат вкусовите.
Стек
Сос за стековите
Текстура: Стекот е крцкав однадвор (поради испржениот корнфлекс), а мек и сочен однатре. Сосот е мек, кремаст но има и блага форма на крцкавост од пиперката која ја менува структурата на самиот сос. Киселата павлака ја заокружува кремастата форма на сосот и дава посебна свежина.
СОВЕТИ ОД ШЕФОТ
- Не ја динстајте пиперката премногу за да не се распадне.
- Стековите пржете ги во врело масло неколку минути за да не прими стекот од маслото.
