Потаж од грашок

Состојки

  • 2 главици кромид

  • 2 чешниња лук

  • 2 лажици Моја кравица путер

  • 1 лажичка буковска пипер

  • 450 мл пилешки бујон

  • 600 г грашок од конзерва

  • Коријандер по желба

  • ½ мала лажичка сол

  • ½ мала лажичка мелен црн пипер

  • 100 г Битолска павлака

  • 20 г пармезан за декорација.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

За љубителите на кремасти супи и потажи имаме нов рецепт. Ајде да се препуштиме на гурманската авантура и да го испробаме рецептот за потаж од грашок. Може да се направи со свеж, замрзнат или грашок од конзерва. А за да заштедиш време за подготовката, ти препорачуваме да користиш грашок од конзерва, па така за 30-тина минути ќе направиш вкусен ручек за целото семејство.

Подготовка

  1. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.

  2. Во тенџере на оган ставете го путерот да се растопи. Во растопениот путер додајте го сечканиот кромид и пропржете го 3 до 4 минути. Потоа во тенџерето додајте ги лукот и буковската пипер. Продолжете со пржењето уште 1 минута.

  3. Во тенџерето додајте ги пилешкиот бујон и грашокот. Тенџерето затворете го со капак и оставете го грашокот да се вари на тивок оган додека омекне. Зачинете со сол, мелен црн пипер и коријандер по вкус.

  4. Тенџерето тргнете го од огнот, оставете го кратко да се излади, а потоа со помош на рачен блендер изблендирајте го потажот. Ако потажот е многу густ, додајте малку вода и вратете го тенџерето на оган да зоврие кратко.

  5. Топлиот потаж од грашок сервирајте го во чинии. Во секоја чинија ставете по 1 лажица Битолска павлака и додајте рендан пармезан. По желба зачинете со свежи зачини – нане, семки… На здравје!

Совети плус:

  • За да направите пилешки бујон, во тенџере ставете 450 мл вода да зоврие. Штом зоврие додајте 1 коцка за супа.
  • Ако немате рачен блендер, оставете го потажот да се излади 20 минути, а потоа изблендирајте го во класичен блендер. Потоа, повторно вратете го во тенџерето и оставете го да зоврие уште 2 до 3 минути.

Коментари

Споделете го овој текст:

2 коментари нa “Потаж од грашок”

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.