И за оние кои сакаат, но и за другите после овој рецепт сигурна сум дека морската храна ќе ви стане омилена.
Брзо и лесно за подготовка, а превкусно!
Подготовка
Ракчињата се чистат, освен ако сте купиле чистени ракчиња.
Се пропржуваат на 40гр. Моја Кравица путер додека заруменат, не повеќе од 10 минути. Се вадат и се ставаат на страна.
Во истата тава се додава останатата количина путер Моја Кравица, БИТОЛСКА павлака и чешнињата лук, сецкани да се динстаат околу 5 минути, односно додека се добие една хомогена смеса. Потоа се додаваат пропржените ракчиња, морската сол, сецканиот магданос и сокот од лимон.
Се меша се заедно на оган уште некои 7 – 10 минути.
Послужете со чаша добро вино и уживајте.
Гответе со љубов! ♥