Ролат од кокос

Состојки

  • Чоколадна смеса

  • 400 гр мелени бисквити

  • 200 гр мелени ореви

  • 300 гр шеќер

  • 300 мл млеко

  • 2 лажици какао

  • 100 гр чоколадо за готвење

  • Бела смеса

  • 250 гр Битолски путер на собна температура

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Подготовка

  1. Најпрво започнуваме со подготовката на чоколадната смеса. Во сад на оган, со постојано мешање ги ставаме млекото, чоколадото, какаото и шеќерот за да се растопат. Смесата со растопеното чоколадо ја тргаме од оган и ги додаваме мелените бисквити и ореви. Оставаме да се излади. Откако ќе се излади, ја развлекуваме смесата на хартија за печење во форма на правоаголник со дебелина од 1 цм.

  2. Продолжуваме со подготовката на белата смеса. Во сад со миксер ги матиме Битолскиот путер, шеќерот, ванилиниот шеќер и кокосот. Добро соединетата смеса ја развлекуваме врз чоколадната смеса и мотаме ролат.

    Ролатот го ставаме во фрижидер за да се олади малку.

    Сечеме парчиња од 1 цм и ролатот е подготвен за сервирање.

  3. Битолскиот путер со кој можеме да готвиме мал милион рецепти е одличен извор на енергија, природно богат со витамините А и Д што заедно со многуте хранливи состојки благотворно влијаат врз организмот.
    Пријатен апетит!

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.