САЛАТА ОД КИСЕЛА ЗЕЛКА И КИСЕЛА ПАВЛАКА

Состојки

  • (за 2 порции)

  • За салатата:

  • Кисела зелка – ½ зелка

  • Битолска павлака – 3 супени лажици

  • Свежа црвена пиперка – 1 парче

  • Сушени домати во масло – 5-7 парчиња

  • Бибер – ½ кафена лажичка

  • Црвен пипер – 1 кафена лажичка

  • За винегретот:

  • Масло – 100ml

  • Песто од босилек – 2 кафени лажички

  • Сенф – 2 кафени лажички

  • Лут сос – 2 кафени лажички

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Состојки

  • (за 2 порции)

  • За салатата:

  • Кисела зелка – ½ зелка

  • Битолска павлака – 3 супени лажици

  • Свежа црвена пиперка – 1 парче

  • Сушени домати во масло – 5-7 парчиња

  • Бибер – ½ кафена лажичка

  • Црвен пипер – 1 кафена лажичка

  • За винегретот:

  • Масло – 100ml

  • Песто од босилек – 2 кафени лажички

  • Сенф – 2 кафени лажички

  • Лут сос – 2 кафени лажички


Подготовка

    1. Винегрет (прелив за салата кој не содржи јајца)

      Во поголем сад за салата сипете го маслото. Додадете пикантно лут сос по избор. Додадете сенф и песто од босилек. Мешајте ги состојките со маталка, сѐ додека не добиете хомогена смеса.

    2. Свежа црвена пиперка (ајварка)

      Изберете поголема, цврста пиперка. Сечете ја на тенки ленти, слична форма како и киселата зелка).
      Пиперката има специфичен вкус а крцкавоста одлично парира на мекоста на киселата зелка.

      Додадете ја исечканата пиперка во винегретот.

    3. Сушени домати во масло

      Имаат специфичен вкус и форма и ќе парираат на текстураата на свежата пиперка. Исечкајте неколку домати на тенки ленти (за да се задржи конзистентната форма на целата салата). Додадете ги доматите во винегретот. Измешајте ја смесата да се соединат состајките.

    4. Битолска павлака

      Во веќе измешаната смеса од винегрет, црвена пиперка и сушени домати, додадете три супени лажици Битолска кисела павлака. Свежината на павлаката ќе го заокружи вкусот на сите состојки и ќе даде дополнителна кремавост на салатата. Мешајте додека не се соединат сите состојки и добиете мазна кремава структура.

      Потоа зачинете со бибер и мелен црвен пипер.

    5. Кисела зелка

      Исечкајте ја зелката на тенки резанци, полека додавајте ги во смесата и постојано мешајте, за сите состојки да впијат од винегретот.

Текстура: Крцкава кисела зелка, крцкава свежа пиперка, мек сушен домат во масло, впечатлив винегрет надополнет со кремаста кисела павлака, текстури што ја дефинираат оваа салата.

СОВЕТИ ОД ШЕФОТ

  • Секогаш добро мешајте по секое додавање на нова состојка.
  • Пробувајте за вкус по секое мешање и додавајте зачини по желба.
  • Оставете ја салатата 20-тина минути во фрижидер по подготовката.
  • За побогат вкус додадете лут буковец на сервирањето

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.